Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Безбедност / Авио-инциденти / Доброволно пријавување на настани (ОБРАЗЕЦ)
Доброволно пријавување на настаниPrint this pageSmaller textBigger text size


Покрај системот за задолжително пријавување на настани во воздухопловството, АЦВ воспостави и систем за доброволно пријавување на настани за кои не се бара да се пријават според системот за задолжително пријавување.

Кој може да пријави настан:

Пријавувањето може да биде од страна на сите лица кои се директно или индиректно инволвирани во воздухопловството, за настани за кои тие сметаат дека претставуваат непосредна или потенцијална опасност.

Настани кои можат да бидат пријавени:

Оперативено нарушување, недостаток, грешка или друга нерегуларна околност која има или може да има влијание на безбедноста на воздухопловот, неговите патници или било кое друго лице. Исто така може да се пријават настани кои не претставуваат ризик, но кои ако не се отстранат може да влијаат на воздухопловната безбедност.

Што не треба да се пријавува?

Овој систем не служи за поплаки поврзани со услуги на клиенти, за бучавата или за поплаки кои се однесуваат на одредени авиопревозници, аеродорми итн.

Начин на пријавување:

Пријавувањето се врши директно со пополнување на образецот кој е во електронска форма и може да биде испратен до АЦВ по пошта, факс или е-пошта (Контакт за авиоинциденти). Формата можете да ја превземете на следниот линк:

 

 Образец за доброволно пријавување на настани

 Доверливост на податоците

Податоците во поднесените пријави се доверливи и се достапни само на лицата вработени во АЦВ кои имаат достапност до податоците на подносителот. Сите податоци се внесуваат во базата на податоци и се од доверлив карактер и не се доставуваат надвор од АЦВ без претходна добиена согласност од подносителот.

Постапување со податоците од пријавените настани

По приемот на пријавените настани, АЦВ ги разгледува податоците со цел да утврди дали постојат нови опасности по безбедноста или се повторуваат некои кои и порано биле увидени. Во зависност од безбедносните ризици кои се идентификувани се преземаат соодветни мерки. Превземените мерки кои се однесуваат на безбедноста и извлечените поуки се објавуваат во посебни извештаи на интернет страната на АЦВ, со цел подобрување на безбедноста во воздухопловството.

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре


CAA Macedonia Newsletter


CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika