Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Пилоти
Известување за пилоти, носители на дозволи издадени од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република МакедонијаPrint this pageSmaller textBigger text size

Предмет: Постапка за спроведување на испит/проверки на стручност за издавање, продолжување или обнова на овластување во дозвола на пилот на авион/хеликоптер со ангажирање на испитувачи овластени од странски воздухопловни власти

Поради отстапувања од пропишаната процедура за ангажирање на странски испитувачи за спроведување на стручни проверки за продолжување на овластување за тип на воздухоплов со пилоти – носители на дозволи издадени од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, ве известуваме за следното:

(1) По основ на укажување – забелешка од EASA инспекција Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија мора задолжително да врши проверка на валидност на дозволата, лекарското уверение и авторизацијата за испитувач кај националните воздухопловни власти од кои му се издадени истите на испитувачот кој се ангажира за стручна проверка. Исто така, задолжителна е и проверката на симулаторот на лет (FSTD) на кој ќе се спроведе проверката. Овие проверки треба да се спроведат пред да се изврши стручната проверка (proficiency check), односно испитувачот и симулаторот на лет треба да бидат одобрени од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија пред спроведување на испитот.

(2) Оваа постапка не се почитува од страна на одреден број на пилоти кои работат во странство со македонски дозволи, што според EASA стандардите претставува сериозно безбедносно отстапување за земјата која ја издала дозвола (state of license issue), поради што ваквата пракса е неприфатлива за Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Најчесто грешките се манифестираат во следново:

  • не е побарано претходно одобрување на испитувач и симулатор, односно не е спроведена постапка за нивна проверка кај националните власти од кои истите се овластени/сертифицирани;
  • не се почитуваат роковите за поднесување на барања – предлози за одобрување на испитувачите и FSTD поради што Агенцијата за цивилно воздухопловство нема доволно време да спроведе постапка за конфирмација;
  • потребните обрасци не се пополнуваат правилно и целосно;
  • оригиналните документи од стручните проверки не се доставуваат во рок од 7 дена;
  • продолжувањата на овластувањата за летање на тип во македонските дозволи се потпишуваат од неодобрени – неовластени испитувачи;
  • не се доставуваат копии од pilot log book каде стручната проверка треба да биде евидентирана и соодветно парафирана од испитувачот;
  • се доставуваат сертификати за завршени обуки или лекарски прегледи без докази дека центрите за обука кои ги издале или овластените лекари (АМЕ) се соодветно овластени од нивните национални воздухопловни власти.

(3) Бидејки Агенцијата за цивилно воздухопловство мора да ги почитува прописите и стандардите во сопственото работење, но исто така да пружи коректен сервис на носителите на македонски дозволи, а со цел да се избегне поништување на неправилно спроведени проверки/испити, како и суспендирање на дозволи во кои на непрописен начин се продолжени – впишано продолжување на овластување. На овој начин дополнително ве информираме за начинот како наведената постапка правилно да се спроведува.

(4) Во прилог на ова писмо ви го доставуваме Упатството со процедури за начинот на издавање, проширување, продолжување на важноста, обнова и одземање на овластување за JAR-FCL 1/2 испитувач (авион/хеликоптер), како и мерки за нивна стандардизација (издание 3) бр.02-320/1 од 01.03.2017 година.

Ве молиме да се придржувате до наведените правила бидејки истото првенствено е во ваш интерес.

Со цел да се избегнат слични ситуации ве молиме за било какви планирани дејности во смисла на обуки и испити и слично, а за кои не сте сигурни дека ги познавате прописите да се обратите претходно до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија на електронската адреса на Одделението за лиценцирање pel@caa.gov.mk.

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika