Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / За нас / Организација
ОрганизацијаPrint this pageSmaller textBigger text size

АЦВ е организирана како воздухопловна власт на Република Македонија чија организациoна структура обезбедува квалитетно и навремено извршување на безбедносните регулаторни функции опишани во ICAO Annex 19 и Doc.9734  (Safety Oversight System) како и останатите функции поврзани со надзор на обезбедувањето (Security), економски надзор, права на летање итн. 

Главни тела на АЦВ се Управен одбор и Директор. Управниот одбор се избира од страна на Собранието на РМ. Директорот се избира од страна на Управниот одбор. 

Во рамките на АЦВ функционираат следните сектори:

  • Сектор за меѓународно-правни работи кој е надлежен за извршување на дел од главните регулаторни функции поврзани со регулирање на безбедноста, обезбедувањето, економските аспекти на воздушниот сообраќај и друго.

Регулирањето преставува нормативна дејност на АЦВ со цел креирање на правна рамка по која ќе работи воздухопловната индустрија и опфаќа изготвување и донесување на национални прописи со цел усогласување со меѓународните и европски воздухопловни стандарди и прописи и учество во изготвување на меѓународни договори.

  • Сектор за безбедност на воздушен сообраќај и воздухопловна навигација кој е надлежен за извршување на главните регулаторни функции поврзани со безбедност на воздушниот сообраќај и воздухопловна навигација.

Главните регулаторни функции на овој сектор опфаќаат сертификација, надзор и надзорни мерки спрема оператори на воздухоплови, организации за градба, дизајн и одржување на воздухоплови, регистрација на воздухоплови, даватели на услуги на воздухопловна навигација, како и лиценцирање на воздухопловен персонал.

  • Сектор за безбедност на аеродроми, потрага и спасување кој е надлежен за извршување на главните регулаторни функции поврзани со безбедноста на аеродромите и аеродромските услуги.

Главните регулаторни функции на овој сектор опфаќаат сертификација, надзор и надзорни мерки спрема операторите на аеродромска инфраструктура, давателите на аеродромски услуги, како и организација на потрага и спасување на воздухоплови и испитување на воздухопловни инциденти.

  • Сектор за финансиско работење и економски надзор кој е надлежен за извршување на функции поврзани со финансиското работење на АЦВ, како и економски надзор на авиопревозници, аеродроми и даватели на услуги на воздухопловна навигација.

Како посебни организациони единици надвор од секторите функционираат:

  •  Кабинетот на директорот кој е надлежен за внатрешна ревизија, човекови ресурси и поддршка на работата на директорот и
  • Одделот за обезбедување од дејствија на незаконско постапување кој е надлежен за извршување на функции поврзани со надзор на обезбедувањето (Security) кај авиопревозници, аеродроми и даватели на услуги на воздухопловна навигација.

 

ОРГАНОГРАМ на Агенцијата за цивилно воздухопловство

 

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре


CAA Macedonia Newsletter


CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika