Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / За нас / Визија, Мисија, Стратешки цели и задачи
Визија, Мисија, Стратешки цели и задачиPrint this pageSmaller textBigger text size

Визија
Безбеден и ефикасен воздушен транспорт целосно интегриран во транспортната мрежа на Европа кој ќе придонесе за одржливиот развој на Република Македонија.


Мисија
Регулирање на активностите на воздушниот транспорт во Република Македонија за да се постигне безбедно, сигурно, редовно, ефикасно, економски и еколошки одржливо национално цивилно воздухопловство, кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и хармонизирано и интегрирано со Европската унија, во интерес на сите учесници а особено кон заштита на патникот.
Стратешки цели и задачи
Воздухопловството е систем кој е меѓусебно зависен од сите учесници како на меѓународно така и на национално ниво и сите тие имаат меѓународна одговорност за него. Од Секторот за безбедност и воздухопловни стандарди во Агенцијата за цивилно воздухопловство се очекува да:

  • ги постави највисоките безбедносни стандарди во воздушниот транспорт на Република Македонија и да го подигне нивото на безбедност;
  • ги постави највисоките сигурносни стандардни за да се намали ризикот и ја осигура мобилноста на граѓаните;
  • постигне регулаторна ефикасност и ефективност преку постојан надзор над воздушниот транспорт и следење и преземање на меѓународните стандарди и најдобри практики;
  • ги оствари целите преку развој на човечките ресурси односно почетн
    и постојано школување и тренирање на своите вработени;
  • воведе и исполни на стандардите за квалитет и негова одржливост
  • ја подобри регионалната соработка и промовира лидерство во регионот;
  • активно да учествува и соработува со меѓународните воздухопловни организации ICAO, ECAC, EUROCONTROL, ЈАА и EASA и да ја зголеми репутацијата на Република Македонија на меѓународна сцена;
  • учествува во хармонизација на националната воздухопловна легислатива со воздухопловното право на ЕУ и соработува со Европската агенција за безбедност во воздухопловството и Европската комисија;
  • придонесе за одржливиот економски и општествен развој на Република Македонија;
  • придонесе кон изнаоѓање решенија за намалување на влијанието на воздухопловството врз животната средина
  • утврдување на реалните можности за прилагодување кон веќе започнатите процеси за регионализација и формирање на функционален воздушен блок (FAB) во нашето опкружување и градење на стратегија во тој процес.
     

    Интензивирање на соработката со здруженијата и сојузите во рамки на воздухопловството, при изработка на програми за развој на области во воздухопловство како предуслов за продолжување и развој на воздухопловната традиција во Република Македонија, користејќи ги можностите за аплицирање со проекти во претпристапните фондови на ЕУ.
Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре


CAA Macedonia Newsletter


CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika