Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Вести
ВестиPrint this pageSmaller text

Скопје, 09.03.2017

Во Белград се одржа Втор состанок на Регионалниот САР (search and rescue) Комитет

Од 28 фавруари до 1 март 2017 година, во Белград, се одржа Втор состанок на Регионалниот САР (search and rescue) Комитет на кој присуствуваа директорите на воздухопловните власти, но и експерти во областа на потрагата и спасувањето од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Словачка, Србија, Словенија и Црна Гора.

Учесниците на состанокот од земјите членки, едногласно ја изразија приврзаноста кон Регионалниот САР Комитет, а најавија и можно проширување на истиот со нови членки.

Состанокот беше конципиран врз исклучително широка агенда и со единствена цел, консолидација на работата на телото, формирано на последниот состанокот, како резултат на потпишувањето на Меморандумот за разбирање, како правна основа за конкрентни мерки и активности на полињата дефинирани како основни задачи и цели на работа на Комитетот.

Во воведниот дел, учесниците беа запознати со активностите на Комитетот по последниот одржан состанок, на кој посебно беше истакната одличната комуникација и подготвеност за поддршка искажана од ИКАО, ЕУРОКОНТРОЛ и КОСПАС-САРСАТ Програмата.

На состанокот беше прочитано и писмо од дирекорот на ЕУРОКОНТРОЛ, г дин Франк Бренер, за подготвеноста на организацијата да потпише Специјална спогодба за соработка и помош со Регионалниот САР Комитет.

Преставникот, пак на ИКАО ирази целосна подготвеност на Европската канцеларија на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и нејзините Работни групи за потраги и спасување, да го поддржат Комитетот и стручно да го помогнат во секоја друга смисла од неговото работење.

Тој меѓудругото предложи, усвоениот Меморандум да биде регистриран во ИКАО и истиот да биде преставен како модел за соработка пред другите земји во светот.

Регионалниот САР Комитет во рамки на состанокот, ги усвои основните принципи за формирање и функционирање на своите експертски работни групи, при што набрзо беа формирани и работни тела за прегругранична соработка, оперативни прашања и тренинзи, со јасно дефинирани задачи.

Од страна на високиот преставник на ЕУРОКОНТРОЛ, г динот Хенк Хофа, Комитетот беше запознат со можностите за соработка низ Global Aeronautical Distress Safety System-концепт кој е во фаза на развој и кој преставува иднината на следењето на воздушната пловидба и безбедноста во цивилното воздухопловство.

Во рамки на состанокот беше преставен документ за заштита на податоци кој до крајот на годината ќе биде усвоен на ниво на Надзорниот одбор на Комитетот.

Се дискутираше и за помоција на работата на Комитетот, при што беше договорено истиот да биде преставен со заедничка презентација на САР Конференцијата во Копенхаген, да се унапреди работата на веб страницата, како и во најскоро време да се донесе одлука за изработка на ново заштитно лого на Комитетот.

Учесниците на состанокот отворија дискусија за идните активности на Комитетот, при што беа изнесени и серија предлози и решенија за отворање нови области на работа на истиот, како што е надзор во потрагата и спасувањето, финансиските прашања, соработката со меѓународните тела и работните групи и тн..

Третиот состанок на Регионалниот САР Комитет, планирано е да се одржи на 7-8 јуни 2017 година во Белград.

Регионални САР Комитет је у току заседања усвојио основне принципе формирања и функционисања својих експертских радних група, те су убрзо и формирана радна тела за прекограничну сарадњу, оперативна питања и тренинге, уз прецизно дефинисане задатке.

Од стрене високог представника Еуроконтрола, господина Хенк Хофа, Комитет је упознат са могућностима сарадње кроз Global Aeronautical Distress Safety System – концепт који се развија и који представња будућност праћења ваздушне пловидбе и безбедности у цивилном ваздухопловству.

Током састанка представљен је и документ о заштити података који ће до краја године бити усвојен на нивоу Надзорног одбора Комитета. Такође, дискутовало се и о промоцији рада Комитета, па је договорено да се исти представи заједничком презентацијом на САР Конференцији у Копехнагену, да се унапреди рад на веб страници, те да се у што скоријем року донесе одлука о новом логоу Комитета који је представљен.

До краја састанка, учесници су раправљали на тему будућих активности и износили предлоге о новим областима рада, као што су надзор у трагању и спасавању, питање финансирања, сарадње са међународним телима и радним групама итд.

Трећи састанак Регионалног САР Комитета планиран је за 7-8 јун 2017. године у Београду.

Испрати на пријателИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika