Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Вести
ВестиPrint this pageSmaller text

Скопје, 28.03.2017

Регионален состанок на воздухопловните власти од регионот

На 23 март, во Белград, се одржа состанок на директорите на Агенциите за цивилно воздухопловство од регионот.

Имено, првите луѓе на цивилните воздухопловства од земјите од поранешна Југославија, безрезервно се одзваа на поканата на директорот на Директоратот, Мирјана Чизмаров и за прв пат во овој состав на едно место отворено разговараа за прашањата кои им се од заеднички интерес, за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во својата работа, отворајќи ги и можностите за зголемување на мерките и активностите, кои ќе ја унапредат досегашната квалитетна соработка.

На состанокот,  се разговараше и за актуелниот статус на Меморандумот за разбирање, потпишан меѓу воздухопловните власти, како препознатлив и прифатен модел за воспоставување на ваква соработка. Првите луѓе на Агенциите за цивилно воздухопловство од регионот, ја истакнаа и потребата за проширување на содржината на овој документ, со отворена можност за афирмирање на „pool-a“ експертите, размена на експертски искуства и знаење, како драгоцен елемент во развојот и унапредувањето на воздухопловството во регионот.

Беше констатирана и потребата од воспоставување и олеснување на техничката соработка меѓу воздухопловните власти, во конкретни области, со која дополнително би се зајакнала и унапредила регионалната соработка и во делот на квалитетното исполнување на обврските кои произлегуваат од меѓународните барања во сферата на цивилното воздухопловство.

На крајот од состанокот, присутните се согласија дека е неопходно, овој прв белградски состанот, да премине во традиционален, со една единствена цел, со здружени сили, меѓусебна поддршка и соработка, земјите од регионот да ги подигнат перформансите и капацитетите на националните цивилно воздухопловства во духот на европската и светска воздухоплвна мрежа.

Испрати на пријателИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika